Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, во 12 часот, во рамки на 25. Седница ќе има годишно обраќање во Собранието, прво во нејзиниот мандат.
Се очекува претседателката да говори за актуелните теми и случувањата во изминатиот период, за очекувањата во 2025 година на полето на внатрешната и надворешната политика, како и за состојбата во економијата.