Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Прв танкер со нафта преку Ормускиот Теснец пристигна во Јапонија по почетокот на војната со Иран

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Свет
media-librarymnnfa8l573bvauqXfEn
Photo by Tomas Williams on Unsplash

Во Јапонија пристигна првиот нафтен танкер кој од почетокот на војната со Иран поминал низ Ормускиот Теснец, повеќе од 12 недели по избувнувањето на конфликтот.

— реклама —

Танкерот „Идемицу Мару“, кој плови под панамско знаме, вчера пристигнал во пристаништето Чита на островот Хоншу, откако уште во април успешно минал низ теснецот.

Главниот секретар на јапонската влада, Минору Кихара, изјави дека пристигнувањето на бродот е добра вест за стабилното снабдување со енергенси.

— реклама —

Јапонија во голема мера зависи од нафтата од Персискиот Залив, а последните месеци активираше рекордни количества од своите стратешки резерви за да го ублажи растот на цените.

— реклама —

Според Кихара, во Заливот сѐ уште се блокирани 39 бродови поврзани со Јапонија, а на еден од нив има и јапонски членови на екипажот. Тој додаде дека Токио вложува дипломатски напори за овозможување безбеден премин низ Ормускиот Теснец.

Јапонската телевизија NHK, повикувајќи се на информации од компанијата, објави дека танкерот превезол два милиони барели сурова нафта во префектурата Аичи, индустриски центар на земјата.

Нафтата ќе биде преработена во деривати, а со танкерот управува подружница на големата рафинериска компанија Idemitsu Kosan.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryp4td1q8uuucqamn57JJ

„Ќе ги кренат рацете и ќе се предадат“ – Трамп со остра порака до Куба

Свет | пред 21 час

— реклама —
media-libraryjkf1kip65pc7cmRzgab

Иран се закани дека ќе ги нападне американските бази ако продолжи придружувањето на бродови

Свет | пред 2 дена

media-libraryjkf1kip65pc7cmRzgab

(Видео) Пожар на нафтен танкер во Ормускиот Теснец, Иран тврди дека удрил во мина

Свет | пред 3 дена

media-library3lp5aqc3s2v192BIUrY

Арагчи им се закани на САД и Израел: Иран е посилен и ние имаме недовршени работи

Свет | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања