Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

„Први другари на Вучиќ се Филипче, Заев и Ковачевски од СДС, кои го чекаа со црвен тепих, јавно го величаа и му се заблагодаруваа“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Македонија
media-libraryh34t5e2fhs8b0pLSvdr

ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение обвинува дека СДСМ и Венко Филипче се обидуваат да се дистанцираат од српскиот претседател Александар Вучиќ по изборниот пораз, потсетувајќи на блиските односи што, според партијата, ги негувале Филипче, Зоран Заев и Димитар Ковачевски со него додека биле на власт.

— реклама —

Од партијата наведуваат дека тогашните функционери го пречекувале Вучиќ со највисоки почести, јавно го фалеле и му се заблагодарувале за соработката. Како пример ја посочуваат донацијата на вакцини од Србија за време на пандемијата, кога Филипче, во својство на министер за здравство, заедно со Заев, учествувал во пречекот.

— реклама —

ВМРО-ДПМНЕ го обвинува Заев дека подоцна јавно му се извинил на Вучиќ по објавувањето на разговорите со руските пранкери, а за Ковачевски тврди дека продолжил да одржува блиски односи со српскиот претседател.

— реклама —

Во соопштението, партијата оценува дека СДСМ, покрај српското, ги промовирал и бугарското и руското влијание, наместо да ги штити македонските национални интереси, јазикот, културата и историјата.

ВМРО-ДПМНЕ тврди дека поради таквата политика СДСМ денес има ниска доверба кај граѓаните и се наоѓа во длабока опозиција.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryiho10o6vj6m68OBE6oe

„Безобразието и навредите на СДС го достигнаа дното, веќе се зацементирани во талогот и нема назад“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
vmro_dpmne

ВМРО-ДПМНЕ го прозва градоначалникот на Зрновци: Нема ролер парк, нема пешачка патека, проблем е и водата за пиење

Македонија | пред 2 дена

filipce-zaev-haris-dzinovic-dubai

„Заеднички омилен пејач им е Харис Џиновиќ“ – ВМРО-ДПМНЕ ги прозва Филипче, Заев и Вучиќ

Македонија | пред 2 дена

media-library4mr90ecno7407VIyD4u

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче се заплетка во сопствените лаги, излажа за анкетите, а сега и дека поседува автомобил од 6.000 евра кој го нема во анкетниот лист

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања