Промени тема
Контакт
Некст Тајм - Нема друга Македонија / Next Time - Nema druga Makedonija LIVE
Некст Тајм - Нема друга Македонија / Next Time - Nema druga Makedonija LIVE

Првиот човек на Кисела Вода посвои куче

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
thumbnail_DSC00514

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски посвои куче од „Лајка”. Кученцето го донесе новиот директор на ЈП „Лајка“, Војислав Димитровски, со кој градоначалникот имаше работна средба.

Хуманиот третман на уличните и напуштените кучиња, намалување на популацијата на бездомни кучиња, вдомување и градење култура за вдомување, обезбедување на донации за нивна нега, беа главните теми на кои разговараа соговорниците.

Градоначалникот Ѓорѓиевски потенцираше дека до Општината често пристигнуваат пријави за бездомни кучиња и изрази надеж дека двете институции ќе изнајдат заедничко решение кое ќе значи добросостојба и за жителите на Кисела Вода, но и за уличните животни.

— реклама —

Директорот на ЈП „Лајка“, Димитровски, информираше дека само во изминатата година од територијата на општина Кисела Вода се направени 148 налози за заловување на кучиња и дека тој интензивно работи на надминување на овој проблем. Ќе се оствари соработка со скопските здруженија за заштита на животните, со општините, со Град Скопје, како и со сите други релевантни институции и добронамерни граѓани, со цел кучињата да се заловат, потоа да се третираат и стерилизираат и на крај да се вдомат во семејство каде ќе бидат сакани.

— реклама —

За почеток, во овој прв период се работи на вдомување на кучињата коишто се заостанати во прифатилиштето, со цел да се отвори капацитетот на прифатилиштето за што поголем број на кучиња скитници – потенцираше Димитровски.

Од денес, Лиска ќе добива љубов, грижа и нега во семејството на градоначалникот Ѓорѓиевски. Таа беше едно од 40-тината кучиња кои се подготвени за вдомување во „Лајка“ и чекаат да добијат дом.

— реклама —

Општина Кисела Вода ги повикува сите љубители на животни дека доколку сакаат да вдомат куче, можат да аплицираат на vdomi@lajka.com.mk. и апелираат до сите нивни жители, доколку забележат агресивно куче во своја близина, да пријават на prijavi@lajka.com.mk.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања