Првиот затвореник со електронска алка во Македонија е 79-годишен велешанец

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-librarym5151qifrv245uyNbaz

79-годишен жител на Велес ќе биде првото лице во државата кое ќе ја издржува затворската казна со електронска алка на ногата. Тој е осуден на три месеци куќен затвор за кривично дело полово вознемирување, согласно член 190-а став 2 од Кривичниот законик.

— реклама —

Од Управата за извршување санкции потврдија дека пресудата е донесена од Велешкиот суд, а барањето на осудениот за одложување на извршувањето е одбиено. Откако пробациски службеник ќе подготви индивидуална програма, ќе биде поставена опремата за електронски надзор, објави Фокус.

— реклама —

Ова претставува прв случај на практична примена на електронските алки во земјава, мерка што беше најавена во мај годинава од директорот на УИС, Александар Пандов. Како што појасни тој, државата троши над 2.000 денари дневно за еден затвореник, па новата мерка ќе има и финансиски бенефит.

— реклама —

Алките се воведуваат и како решение за намалување на затворската популација, која брои околу 2.300 затвореници и 400 притвореници, со установи што работат со над 100 отсто исполнетост. Законот дозволува нивна примена кај три категории осуденици: стари и изнемоштени лица, бремени жени и мајки со мали деца, како и лица со тешки болести или инвалидитет.

Одделението за електронски надзор во рамки на УИС ќе следи доколку осуденикот го напушти дозволениот периметар или ја помести опремата. Во такви случаи се активира аларм, а доколку лицето не одговори на повик, се известува полицијата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања