Промени тема
Контакт

Пржинската влада треба биде укината, видовме како оваа власт ја злоупотреби, вели Силјановска

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Capture-2

Пратеничката на СДСМ Снежана Калеска Ванчева, во емисијата „Вин Вин“ на телевизија Телма истакна дека ставот на СДСМ во врска со Пржинската влада е конзистентен и дека треба да постои консензус помеѓу сите политички чинители, особено оние застапени во парламентот.

Она што се случуваше 2016 година е преседан, но да видиме зошто мораше да биде потребна пржинската влада, еднаш треба да сфатиме дека партијата не смее да биде институција, ние имавме партизирани институции, заробени институции и заробена држава, по дефиниција од меѓународните институции, затоа дојдовме во ситуација да воведеме нешто што е надвор од нашиот устав и требаше да биде еднократно, истакна Калеска Ванчева.

— реклама —

Таа нагласи дека СДСМ апсолутно го поддржува предлогот да дојде на дневен ред и да се отвори прашањето, по што сите треба да се согласат.

Аргументите се за укинување на Пржинската влада и со тоа покажуваме дека времето е созреано, институциите функционираат, веќе немаме не се заробени институции, немаме квалификација на заробена држава и време е да го тргнеме она што значи на Пржински договор и да имаме таканаречена техничка влада, избори во рок од минимум 60 до максимум 90 дена, кои ги спроведува владата што е актуелна и така е во сиот нормален демократски свет, истакна Калеска Ванчева.

— реклама —

Таа додаде дека сите останати политички партии ќе го сфатат ова и на крајот ќе има консензус со вистински аргументи, зошто треба да се поддржи таквото законско решение.

— реклама —

Атмосферата е зрела за отворање на вистинска дебата да видиме, што на ова општество му е најфункционално во смисла на парламентарна демократија, мора да се отвори широка и експертска дебата, и тоа во собранието, како највисок законодавен дом, каде сите прашања поврзани со изборите, со политиките, законите мора да бидат отворани и затворани, порача Пратеничката на СДСМ Снежана Калеска Ванчева, во емисијата „Вин Вин“ на телевизија Телма.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 10 месеци

— реклама —
media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 10 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 11 месец

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 11 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања