Промени тема
Контакт

Пукаа на свадба и го објавија видеото: Побаран притвор за четворицата осомничени

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Македонија
media-libraryntuerql7kbbc4Y3z2JE

Основното јавно обвинителство Гостивар поведе постапка против четири лица од селото Добри Дол, Општина Врапчиште, поради сомнение дека сториле кривично дело „Предизвикување општа опасност“.

Постапката е поведена по кривична пријава поднесена од Министерството за внатрешни работи.

— реклама —

Според Обвинителството, осомничените на 31 јули вечерта, за време на свадбена прослава во дворот на семејна куќа во селото, употребиле три пиштоли и една пушка од засега непозната марка и калибар, при што пукале во воздух и ги довеле во опасност животите на поголем број присутни.

Поради опасност од бегство, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот суд во Гостивар доставил предлог за определување мерка притвор за сите четворица осомничени.

— реклама —

Од Обвинителството посочуваат дека кај еден од осомничените постои дополнителен ризик од бегство, бидејќи покрај македонското поседува и словенечко државјанство.

— реклама —
media-library3hilpabs12vi2QdWWcO

(Видео и фото) Откако ги претресоа, четворица од свадбарите во гостиварско добија и притвори за пукањето кое го снимале и објавиле

Четворица жители на гостиварското село Добридол добија мерка притвор во траење од осум дена, по истрагата за пукањето со огнено оружје на семејна веселба, чие видео претходно беше објавено на социјалните мрежи и предизвика бурни реакции во јавноста.Акцијата следуваше откако СВР Тетово, по објавената снимка, изврши претреси на повеќе локации во селото.Во полициската акција беа приведени шест лица, а едно беше повикано на службен разговор. При претресите беа пронајдени и одземени повеќе парчиња ор

Македонија | пред 3 седмици

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-librarytp2hnvmn1344auF63Vn

Силен мирис на запалено во Гостивар, Ангелов: Не гори Русино, ниту дивата депонија во Чегране

Македонија | пред 1 ден

voda

Прекината е епидемијата во Гостивар, нема нови случаи поврзани со водата

Македонија | пред 2 дена

media-libraryi9pe6n6qkgee6onAiAv

Ангелов: Истече кризната состојба во Гостивар, водата е чиста и безбедна за пиење

Македонија | пред 3 дена

media-libraryuos8kjm9qv3v3r6Fxcz

Во четврток ќе се знае што се случувало со водата во Гостивар: Клековски најави транспарентен епидемиолошки извештај

Македонија | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања