Промени тема
Контакт

Пукал со пушка и усмртил куче: Вознемирувачки инцидент во Куклиш

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Македонија
puska-1

Полициски службеници од СВР Струмица на 19 јануари 2026 година околу 17:00 часот во селото Куклиш, струмичко, го лишиле од слобода Д.Б. (50), жител на истото село, поради сомнение за тешко кривично дело поврзано со употреба на огнено оружје.

— реклама —
— реклама —

Според информациите од полицијата, осомничениот околу 14:00 часот испукал еден истрел од ловечка пушка, при што усмртил куче во сопственост на М.Ѓ., исто така од селото Куклиш. Инцидентот предизвикал вознемиреност кај локалното население, а случајот бил пријавен во полиција.

— реклама —
— реклама —

На местото на настанот бил извршен увид од страна на увидна екипа на СВР Струмица, заедно со ветеринарен лекар, по што ловечката пушка била одземена од осомничениот. По целосното документирање на случајот, против Д.Б. ќе биде поднесена соодветна пријава до надлежните институции.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања