„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Пукано во економскиот директор на Клиниката за Гинекологија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Скопје
valjon1-37lq51x63jpiw310m5hr0g

Ваљон Беља од ДУИ вечерва е ранет во вооружен напад во скопската населба Чаир. Во него е пукано со два куршуми, по што е однесен во болница. Напаѓачите не се познати.

— реклама —

„Денеска во 17:45 часот е пријавено дека на ул.„Лазо Трповски“ било пукано во В.Б. (40) од Скопје во пределот на десната подколеница. Во него пукало лице кое било заедно со Е.Х., Е.А. и Р.Н.. В.Б е пренесен во ГОБ Св.Наум Охридски. Се работи на расчистување на случајот“, соопштија од МВР.

Беља пред неколку месеци беше поставен за нов економски директор на Клиниката за Гинекологија.

— реклама —

Беља прв пат се појавува на политичката сцена со невладината организација Реалитети, а подоцна и како лидер на партијата Албански Сојуз во 2010 година кога за регионални медиуми тој порачува дека целта на неговата партија е да ја подели Македонија на три кантони- еден македонски, еден албански и еден мешовит кантон. Подоцна оваа партија се спојува со ДПА на Мендух Тачи каде Беља ја добива потпретседателската функција.

Но, по преминувањето во ДУИ на Ахмети, Беља станува познат по заканите кон екс градоначалникот на Чаир Изет Меџити на кого во јуни 2016-та, според информации објавени од медиумите, му испраќа куршум завиткан во салфетка како закана за остварување на неговото барање да биде поставен за директор на пензискиот фонд. Подоцна тој беше приведен од полицијата во врска со овој настан, но епилогот од истрагата е непознат.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања