Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Пуштен пешачкиот мост на Вардар

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
3

Од денес е прооден и спремен за користење пешачкиот мост на реката Вардар кој се изгради наместо Панорамското тркало, проект кој беше дел од Скопје 2014. Со пренамената на тркалото и

— реклама —

изградба на модерен пешачки мост граѓаните заштедија 10 милиони евра.

„Овој мост е симбол на битката со проектот Скопје 2014 и драго ми е што конечно граѓаните може да го користат како јавен простор. Направивме модерен мост наместо најрасипничкиот проект на

— реклама —

ВМРО-ДПМНЕ, Панорамското тркало. Со стопирање на овој проект заштедивме 10 милиони евра пари на граѓаните и ги пренаменивме за други корисни проекти. Овој мост е победа на одговорното управување со вашите пари наспроти злоупотребите на ВМРО-ДПМНЕ“ – порача градоначалникот Шилегов.

Тој вели дека овој мост е победа на модерно Скопје наспроти лажното барокно минато и проектот Скопје 2014. Мостот ќе биде дел големата пешачка зона во центарот на градот која ќе биде готова

до 2024 година. „И кога некој ќе каже дека сите се исти, јас со гордост и сигурност можам да кажам дека не сме. За мене вие граѓаните сте важни и вашите приоритети, затоа ќе продолжиме заедно да градиме модерно Скопје. Она што особено ме радува, е дека овој мост ќе биде дел големата пешачка зона во центарот на градот која ќе биде готова до 2024 година. Со тоа, тој ќе стане прекрасно шеталиште кое ги спојува двете страни на градот“ – вели градоначалникот Шилегов.

Тој ја побара поддршката од граѓаните на Скопје за да се заврши се она што е храбро е започнато.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања