Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

Пуштена втората велопатека на Водно

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
2-5

Скопјани и сите љубители на природата и велосипедизмот овој викенд може да го искористат за адреналинска рекреација на новата велопатека „Flow“, наменета за надолно движење со која се комплетира трасата Скопје – Средно Водно – Скопје каде обезбедуваме безбеден простор за движење на велосипедистите, комплетно одвојувајќи ги од планинарите и останатиот сообраќај, вели Шилегов во објавата на Фејсбук.

„Новата планинска велосипедска патека е долга 3,64 км и истата ја прати природната конфигурација на теренот, без да ја нарушува природната средина. Со просечна стрмнина од 6%, патеката спаѓа во таканаречената „семејна категорија“, истовремено безбедна за употреба од страна на сите генерации, но апелираме истата да се користи исклучиво со соодветна заштитна опрема.

— реклама —

За да можеме да ја доживееме убавината на велопатеките кои ги направивме на Водно ги повикувам сите љубители на природата недела на 24-ти Октомври да го посетат вториот Фестивал за алтернативен туризам кој ќе се одржи на Средно Водно. Настанот е со почеток во 10:00 и учество земаат сите најголеми дистрибутери на велосипеди и велосипедска опрема, а ќе биде пропратен секако со добра забава“, додава тој.

— реклама —

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања