Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Путин до Трамп: Русија ќе ја засили офанзивата во источна Украина за 60 дена

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
tramp-putin

Рускиот претседател Владимир Путин му порачал на Доналд Трамп дека Русија планира да ја засили воената офанзива на истокот од Украина во рок од 60 дена, објави „Axios“ на 14 јули, повикувајќи се на неименувани извори запознаени со содржината на телефонскиот разговор меѓу двајцата лидери на почетокот од месецов.

— реклама —

Разговорот се одржал на 3 јули, а според истите извори, Путин најавил дека руската офанзива ќе продолжи сè додека Москва не воспостави целосна територијална контрола врз окупираните украински региони. „Тој сака сè да преземе“, рекол Трамп на францускиот претседател Емануел Макрон по разговорот со Путин, пренесува „Kyiv Independent“.

— реклама —

Овие информации доаѓаат во време кога руските сили го засилуваат притисокот во Доњецката област и се обидуваат да ја пробијат украинската одбрана во правец на Дњепропетровск – регион кој досега беше поштеден од поголеми офанзиви.

— реклама —

Во моментов, Москва контролира околу 20 отсто од територијата на Украина, вклучувајќи речиси цела Луганска област, две третини од Доњецка, како и делови од Запорижка и Херсонска област. Руските власти во 2022 година прогласија анексија на овие територии по спроведување лажни референдуми, кои не се признати од меѓународната заедница.

— реклама —

Во меѓувреме, на 14 јули, Трамп најави дека ќе испрати дополнителни ракетни системи Patriot за противвоздушна одбрана во Киев – што би бил прв воен пакет за Украина од негова администрација, а не од претходната на Џо Бајден. Со тоа, потенцијално се најавува пресврт во ставот на Трамп, кој досега повикуваше на преговори со Путин, а сега почнува поактивно да ги поддржува украинските одбранбени капацитети.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library8puqnnmutpumbXi5pO5

(Видео) Украинските дронови ја погодија руската нафтена индустрија: Капацитетите за преработка намалени за 30 отсто

Свет | пред 4 часа

— реклама —
media-libraryt9rn71kbcs732xUGMML

Русија ја нападна Украина со 162 дрона и балистичка ракета, цел била и термоцентрала кај Киев

Свет | пред 8 часа

media-libraryo8qp68df6ra569vHY2R

(Видео) Русија го остави Киев без струја, луѓето излегуваат надвор и прават скара

Свет | пред 21 час

media-libraryh6evpc8uubr20G55U2Z

(Видео) Воен авион од Москва слета во Израел, идентитетот на патниците е непознат

Свет | пред 23 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања