Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Путин поставил нов услов за крај на војната во Украина

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Свет
putin-bozik-640x473-1

Рускиот претседател Владимир Путин во телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп побарал потполна контрола врз Донецката област како клучен услов за прекин на војната во Украина, објави The Washington Post, повикувајќи се на два извори запознаени со разговорот.

Путин, кој повеќе од една деценија се обидува целосно да го освои регионот, предложил Украина да се откаже од делови од Запорожје и Херсон – две украински области кои делумно се под руска контрола – во замена за Донецк. Тоа претставува ублажена верзија на барањето што го изнел во август на самитот во Алјаска.

— реклама —

Иако некои американски функционери го оцениле предлогот како чекор напред, европски дипломати сметаат дека тој е неприфатлив за Киев. „Тоа е како да им продавате дел од нивната земја за ништо“, изјавил еден дипломат за весникот.

Трамп засега не се изјаснил јавно околу предлогот, но по средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски изјавил дека е време „да престане убивањето и да се постигне договор“. Во наредните недели тој треба повторно да се сретне со Путин, овојпат во Будимпешта, за да продолжат разговорите.

— реклама —

Во меѓувреме, Киев се надеваше дека ќе добие далекусежни ракети „Томахок“, но американската администрација засега не ја одобрила испораката.

Линиите на фронтот речиси и да не се промениле во изминатата година, а Русија во моментов контролира околу 20 проценти од украинската територија. Според западни извори, Путин и натаму се обидува со дипломатски маневри да го легализира фактичкиот статус на окупираните територии.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања