Владимир Путин денеска ќе пристигне во Белград, во придружба на 30 најблиски специјалци од Федералната служба за обезбедување, а околу 7.000 полицајци и лица од безбедносните служби ќе се грижат за неговата безбедност во Белград.Неофицијално покрај рускиот претседател и двајца двојници ќе има во главниот град на Србија.
Рускиот претседател Владимир Путин денеска пристигнува во Белград. Тој доаѓа во официјална посета на Србија на покана на шефот на српската држава Александар Вучиќ.
Според најавите, по свечениот пречек на белградскиот аеродром „Никола Тесла“, Путин ќе положи венци на Гробиштата на ослободителите на Белград и на Споменикот на црвеноармејците, по што ќе има официјална средба со неговиот домаќин Вучиќ.
Путин во белград ќе слета во 12:01 минута. Официјалниот дочек ќе биде пред палатата Србија во 2:45 мин.
По разговорите во четири очи меѓу двајцата шефови на држави, ќе се одржи официјална средба меѓу делегациите на двете земји и ќе бидат потпишани повеќе документи за соработка, по што Путин на Вучиќ ќе му го врачи Орденот на Александар Невски.
Путин ќе го заврши престојот во Србија со посета на белградскиот храм „Свети Сава“ во 18:00 часот.
Детлите за посетата за espreso.rs ги објавил шефот на кабинетот од Кремљ.