Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Путин: Се ближи крајот на војната во Украина

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Свет
media-libraryb521vis21qi88JhzpeQ
Russian Foreign Ministry's official account

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека смета оти војната во Украина се приближува кон крајот, само неколку часа откако на парадата по повод Денот на победата во Москва порача дека Русија ќе ја порази Украина.

— реклама —

„Мислам дека работата се ближи кон крај“, изјавил Путин за војната, која прерасна во најсмртоносен конфликт во Европа по Втората светска војна. Тој повторно ја обвинил западната поддршка за Киев за продолжување на конфликтот и оценил дека Западот очекувал „пораз на Русија и распад на државата“, што според него не се случило.

— реклама —

Путин истовремено најавил подготвеност за разговори за нови безбедносни аранжмани во Европа, а како посакуван соговорник го посочил поранешниот германски канцелар Герхард Шредер.

Рускиот лидер изјавил дека е подготвен да се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски во трета земја, но дури откако ќе се утврдат условите за можен мировен договор. „Тоа треба да биде завршна точка, а не сами преговори“, рекол Путин.

— реклама —

Во текстот се потсетува дека Шредер со години важи за еден од најблиските западни политичари до Путин, особено поради неговите врски со руските енергетски компании и проектот „Северен тек“. По почетокот на руската инвазија врз Украина, поранешниот германски канцелар бил жестоко критикуван во Европа поради блиските односи со Кремљ.

— реклама —

Во меѓувреме, Русија, Украина и Доналд Трамп објавиле тридневно примирје, но Москва и Киев веднаш размениле меѓусебни обвинувања за негово прекршување. Сепак, двете страни се договориле за размена на по 1.000 заробеници за време на прекинот на огнот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarylbc8fiscfaqlcMv63FH

Русија, Кина и Иран бараат гаранции дека САД и Израел нема повторно да ја нападнат иранската нуклеарна инфраструктура

Свет | пред 11 час

— реклама —
fajzer-vakcina-vakcinacija-1

Првиот пациент ја заврши терапијата со руската вакцина против рак, до крајот на 2027 година ќе ја примат уште 120 пациенти

Свет | пред 1 ден

media-library37kdmf2j0l4ieKAof6T

Русија остана без доволно бензин по украинските напади: Масовно увезува гориво и со понизок квалитет

Свет | пред 1 ден

media-libraryf8pmo453iqos3UNqDnf

Руски напад врз пазар во Украина: Повредени 11 лица, меѓу нив и 11-годишно дете

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања