Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

„Queens gambit “нема да добие втора сезона!

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Магазин
Anna-Taylor-Joy-The-Queens-Gambit-768x400-1

Нетфликсовиот хит „Queens gambit“ освои 11 Еми-награди, вклучувајќи ја и наградата за најдобра драмска минисерија, но нема да се врати во втора сезона.

— реклама —

На големо разочарување на фановите, извршните продуценти на серијата Скот Френк и Вилијам Холберг потврдија дека приказната за шаховското чудо Бет Хармон (Ања Тејлор Џој) го достигна својот природен крај.

— реклама —

„Ја раскажавме приказната што сакавме да ја раскажеме, и сметам – дозволете ми да го кажам ова поинаку – стравувам дека ако се обидеме да кажеме нешто повеќе, ќе го уништиме она што веќе го кажавме“, рече Френк во текот на виртуелен панел.

— реклама —

Оваа вест не треба да биде изненадување за многумина со оглед на тоа како серијата заврши прилично добро за Бет, која не само што ја постигна една од нејзините најголеми цели, туку и се помири со траумата што го прогонуваше нејзиното минато.

Минисеријата, насловена по шаховски потег, следи харизматична генијалка која влегува во светот на шахот каде доминираат мажите. Дејствието се одвива во 60-тите години на минатиот век. Вработен во сиротилиште го открива талентот на малата Бет, која подоцна станува шаховско чудо.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања