Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

Работна средба меѓу Јавното обвинителство и Државниот завод за ревизија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
244466876_1265174603930666_8619855635729761302_n

Претставници на Јавното обвинителство предводени од Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, Љубомир Јовески вчера остварија работна средба со претставници на Државниот завод за ревизија предводени од Главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски, во рамки на проектот „Поддршка за имплементација на комуникациската стратегија на Државниот завод за ревизија 2018-2022 година“, кој Државниот завод за ревизија го реализира во соработка со Фондацијата за демократија на Вестминстер и Институтот Ресис.

Целта на одржаната работна средба претставува имплементацијата на Комуникациската стратегија на Државниот завод за ревизија која во оваа фаза е фокусирана на структурирање и подобрување на комуникацијата и соработката со Јавното обвинителство на Република Северна Македонија и останатите надлежни институции, со што ќе се обезбеди доследно остварување на законските надлежности.

— реклама —

На состанокот беше презентиран нацрт – протоколот за комуникација помеѓу двете институции кој треба да придонесе за зајакнување на комуникацијата и соработката, за што претставниците на двете институции изразија подготвеност за интензивирање на активностите.

— реклама —

Работната средба резултираше со заклучоци во насока на номинирање лица од двете институции за остварување побрза и поефикасна комуникација, иницирање едукативни настани за ревизорите и обвинителите како можност за размена на искуства и знаења, заедничко дефинирање на форма во која ќе бидат посочени наодите и утврдени состојби од Конечните ревизорски извештаи по кои согласно законските надлежности треба да постапува Јавното обвинителство, како и потпишување на Меморандум за соработка.​

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања