Промени тема
Контакт

Работна средба на тема „Учи паметно работи стручно“ во Општина Охрид

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Охрид
Dualno_obrazovanie_08022023002

Денеска во големата сала на Општина Охрид се одржа работна средба, социјален дијалог на тема „Учи паметно работи стручно“. Пред присутните се обрати градоначалникот Кирил Пецаков кој укажа на значењето од дуалното образование кое овозможува квалификуван стручен кадар да одговара на потребите на пазарот на трудот. Целта на настанот е подготовка за спроведување на успешни образовни уписи односно избор на средно образование согласно потребите на пазарот на трудот.

— реклама —

– Организирањето на овој настан сам по себе се наметнува како неопходност. Сведоци сме на се поголемата потреба што ја налага пазарот на трудот образованието да соодветствува на неговата побарувачка. Општина Охрид континуирано вложува напори и во рамки на своите ингеренции ги поддржува сите активности кои се насочени кон унапредување и подобрување на средното стручно образование и создавање квалификуван и стручен кадар. Во таа насока е и соработката која Општина Охрид и средните стручни училишта ја остваруваат со „КОСТАЛ“, „ОДВ- Електрик“, „Леарница“ и останати компании заради создавање на профили кои ќе одговараат на нивните потреби. Праксата во компанија, комбинирана со училишни часови влијае врз подигнување на свеста кај учениците за значењето на дуалното стручно образование. Учениците го препознаа средното стручно како образование што им отвора многу можности, а кај компаниите се зајакнува свеста за потребата од вклучување во практичната обука на ученици, како решение за проблемот со квалификувани работници. „Учи паметно, работи стручно“ на Швајцарската агенција за развој и соработка се покажа дека е успешен модел за создавање подобри услови за стручно образование и вработување за младите. Во Електромашинскиот училишен центар „Св. Наум Охридски“ годинава се запиша петтата генерација од 42 ученика во паралелките со дуално образование. Бројот на запишани деца од година во година расте, а тројца ученици од првата генерација веќе се вработени во „КОСТАЛ“. Од седумнаесетте ученици од првата завршена генерација десетмина добија меѓународен сертификат, Техничар за индустриска мехатроника. Дуално образование од годинава се спроведе и во Средното економско училиште „Св. Кирил и Методиј“. Ни претстои уште многу работа на зацврстување на довербата меѓу бизнис секторот и училиштата, со цел младите да се стекнат со знаења, вештини и искуство кои ќе им овозможат полесно вклучување на пазарот на трудот“. Вакви средби како денешнава ќе ни помогнат многу на тој план. Затоа посакувам да имаме плодна дискусија по која ќе донесеме солидни заклучоци за унапредување на средното стручно образование – рече градоначалникот Пецаков.

— реклама —
— реклама —

На настанот што го организира Општина Охрид присуствуваа претставници од Министерството за образование и наука и професори од сите средни училишта во градов.

— реклама —

Дуалното образование на државно ниво почна да се спроведува пред неколку години со само 11 паралелки. Денеска во државава има 250 дуални паралелки, а се потпишани договори за соработка со 450 компании.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarys6isuqib5h5f0d28b8i

Охрид со нови капитални проекти: Катна гаража, пречистителна станица и спортска сала

Охрид | пред 1 ден

— реклама —
media-librarygesnda26ae81frSiUhm

(Видео) Продолжува реконструкцијата на улицата „7-ми Ноември“ во Охрид

Македонија | пред 1 седмица

media-library8t0vpoac23pncs70GXV

Општина Охрид започнува чистење на речните корита и критичните точки

ОО | пред 1 седмица

media-libraryhfqjoqj9s2o980tZABb

(Видео) Видео од Охрид хит на социјалните мрежи: Девојче со преубав глас ја запеа „Ако згрешам нека изгорам“

Вирално | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања