Работната група за реформи во изборното законодавство одржа конститутивна седница, Лога апелира ВМРО-ДПМНЕ да се приклучи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
1.1

Работната група за реформи во изборното законодавство одржа конститутивна седница.

— реклама —

Претседател на работната група е Александар Новаковски, експерт и поранешен претседател на ДИК.Оваа работна група ќе има за задача да ги имплементира препораките на ОБСЕ/ОДИХР а ќе работи и на нов Изборен законик. Овој процес е инклузивен и во него се вклучени претставници на политички партии, невладини организации, синдикати, министерства и надлежни органи за спроведување на изборниот процес.

— реклама —

Министерот за правда Кренар Лога и заменичката на министерот, Викторија Аврамовска Мадиќ им посaкаа успешна работа на членовите на работната група.

— реклама —

Министерот Лога упати апел до ВМРО ДПМНЕ да се приклучат на работната група и низ процес на дебата и расправа да ги дадат сите предлози и иницијативи за реформите во изборното законодавство.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања