Промени тема
Контакт

Радев: Македонските Бугари се борат за еднаквост, што е различно од сепаратистичките ставови на луѓето со кои се среќава Пендаровски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Rumen-Radev-e1517838891722

„Македонските Бугари се борат за еднаквост, која е загарантирана во нивниот устав. Тие се борат за нивна целосна интеграција во јавниот живот во државата. Ова е радикално различно од сепаратистичките ставови и малцинските тврдења што ги искажуваат луѓето со кои се среќава претседателот Пендаровски“, ова го изјави бугарскиот претседател Румен Радев, пренесува бугарскиот медиум БГНЕС.

„Секоја избрзана постапка на бугарската влада, секој позитивен сигнал може погрешно да се протолкува како некакви отстапки од бугарска страна. Посетата на бугарскиот премиер на Северна Македонија беше избрзана“, додал Радев.

— реклама —

„Бугарската дипломатија мора целосно да го искористи својот професионален капацитет, да не верува во надворешната експертиза, на невладините организации и да не подлегнува на надворешниот притисок“, нагласил бугарскиот претседател.

— реклама —

Бугарија, според него, е секогаш отворена за дијалог.

— реклама —

„Бугарија цело време иницираше дијалог. Кога политичарите на РСМ ги обиколија европските метрополи, ја избегнуваа Софија, но мило ми е што овој дијалог почнува да се случува. Во контакт сме со претседателот Пендаровски. Ќе бараме соодветен момент за средба на високо ниво, се разбира, зависи и од неговите постапки“, додал Радев, пренесува БГНЕС.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања