Бугарскиот претседател Румен Радев не прифаќа европски историчари да се вклучат во работата на Заедничката македонско-бугарска комисија, јавуваат бугарските медиуми.
„Немаме потреба од посредници. Никој не ја познава нашата историја подобро од нас самите. Од нас зависи. Од еден отворен и конструктивен дијалог со Софија, базиран на историски аргументи. Комисијата ќе сработи за историјата, но најважно е ние, на високо политичко ниво да ги направиме неопходните чекори. Тие чекори не минуваат низ другите европски престолнини и од таму да се изврши притисок врз Бугарија. Во никој случај. Вистинскиот чекор е еден – во Софија. Тогаш ќе се решат сите проблеми. Ние треба да бараме одржливо и неповратно решение“, изјавил Радев за бугарските новинари во Рим.