Промени тема
Контакт

Радикален пресврт во политиката за пушење: Целосна забрана за сите затворени јавни простори

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Македонија
pusenje

Македонија е на чекор до донесување на најрестриктивниот закон за заштита од пушење досега. Новиот закон, кој е изработен од Министерството за здравство и наскоро треба да биде објавен на платформата ЕНЕР за јавна расправа, предвидува целосна забрана за пушење во сите затворени простори од јавен карактер, без исклучоци, како и драстично ограничување на увозот, продажбата и изложувањето на цигари и електронски уреди.

Според нацрт-верзијата на законското решение, забраната за пушење ќе важи за сите угостителски објекти за исхрана, вклучувајќи ресторани, барови, меани и кантини. Дополнително, пушењето ќе биде забрането и на терасите на кафеаните и рестораните доколку тие не се целосно отворени од најмалку три страни, што значи дека голем дел од досегашните полуотворени тераси повеќе нема да можат да се користат за оваа намена.

— реклама —

Законот предвидува и проширување на забраната на низа други локации и ситуации, меѓу кои и пушење во автомобил доколку во него се наоѓа дете, како и на автобуски и железнички станици, пазари и други јавни простори. Со ова, државата првпат директно навлегува и во приватниот простор, со цел заштита на малолетниците од изложеност на чад и штетни материи.

Истите забрани ќе важат и за сите типови електронски цигари и вејп-уреди, а предвидена е и целосна забрана за ароматизирани цигари и никотински производи. Во предлог-законот јасно се наведува дека се забранува производство, увоз, дистрибуција, продажба и ставање во промет на тутунски и никотински производи кои содржат ароми или вкусови, мерка која директно е насочена кон намалување на привлечноста на овие производи кај младите

— реклама —

Според новите правила, и обичните и електронските цигари нема да смеат да бидат видливо изложени на рафтовите во маркетите и продажните места, туку ќе бидат целосно тргнати од видното поле на купувачите.

— реклама —

Од Министерството за здравство оценуваат дека ваквите мерки се неопходни и дека целта е спречување на сериозна здравствена криза. Со предложените измени, Македонија се позиционира меѓу земјите со најстроги законски решенија во оваа област.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-libraryeidav4kkja58dVw3xFu

Министерството за здравство алармира: 13,6% од учениците користат тутунски производи, ова е највисок процент досега

Македонија | пред 5 месеци

media-libraryaifiiuirnv9ndMy92Vr

Алиу: Огромен дел од учениците - 86,9% отсто ја поддржуваат мерката за забрана на пушење во затворени простории, законот го носиме како закон за новите генерации

Македонија | пред 5 месеци

media-librarysadjjm8l382vcOgHxHp

Угостителите добија „битка“: одложена примената на дел од законот за заштита од пушење

Македонија | пред 6 месеци

media-libraryeidav4kkja58dVw3xFu

„Законот за пушење пу пу не важи, ама за да не е дека бизнис заедницата е газда на државата, превидуваме фази за имплементација“

Коментари | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања