Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Радио во Британија по грешка објави дека кралот Чарлс Трети починал

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Свет
Screenshot-2022-09-09-at-19.45.08

Менаџерот на радиото „Радио Каролина“, Питер Мур, соопшти дека поради „компјутерска грешка“ во главното студио по грешка била емитувана информација дека британскиот крал Чарлс III починал.

— реклама —

Мур јавно им се извини на кралското семејство и на слушателите.

„Поради компјутерска грешка во нашето главно студио, прилогот за смртта на монархот, кој сите радиостаници во Велика Британија го чуваат подготвен за емитување доколку биде потребно, случајно беше активиран во вторникот попладне и погрешно беше објавено дека Неговото Височество кралот починал“, навел Мур на социјалните мрежи.

— реклама —

Тој додал дека радиото веднаш ја прекинало програмата, а по повторното вклучување било прочитано официјално извинување.

— реклама —

„Му се извинуваме на Неговото Височество кралот и на нашите слушатели за евентуалната непријатност“, изјавил Мур.

Инцидентот се случил додека кралот Чарлс и неговата сопруга, Камила, престојувале во Северна Ирска, каде што присуствувале на настап на фолк-група, следеле танчери и дегустирале ирско виски во квартот Титаник во Белфаст.

— реклама —

Радиото „Каролина“, со седиште во Малдон во Есекс, е основано во 1964 година и во минатото функционирало како пиратска радиостаница.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library6vd14bsc07gbeKfgW3k

Милиони британски домаќинства ќе добијат по 100 фунти за сметките за струја

Свет | пред 2 седмици

— реклама —
media-library546hq6oso3h8eki0aa4

Британски министер предупредува: Не смееме да им ја оставиме вештачката интелигенција на олигарсите

Свет | пред 3 седмици

media-library62ffift6ugjo6txvDfG

Британците уапсија двајца осомничени за планирање напад врз американска база – се сомневаат во вмешаност на Иран

Свет | пред 3 седмици

media-library3cug5ap9b9p1btNQd79

Британија му се заканува на Израел: „Ќе бидат протерани“

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања