Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Радовановиќ: Се реконструира прилепската Гимназија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Stefani-radovanovik-FOTO

Дури и во услови на пандемија, власта предводена од СДСМ продолжува даинвестира во инфраструктурни проекти во училиштата. Со средства од МОН, во висина од 400.000 евра, најстарата училишна зграда во Прилеп, Гимназијата „Мирче Ацев“ добива целосно нов лик и подобри услови за одржување настава, вели Стефани Радовановиќ, од владејачката СДСМ.

„Во внатрешноста на објектот се врши реконструкција на подрумскиот дел, со што се добиваат 4 нови простории за изведување на кабинетска настава и два нови тоалети. Се врши целосна реконструкција и на фасадата на Гимназијата, при што се поставува нова термоизолација на целиот објект, а старите дрвени прозорци, поставени за време на изградбата на објектот пред 60 години, се заменуваат со ПВЦ дограма.

— реклама —

— реклама —
— реклама —

На тој начин, прилепската Гимназија „Мирче Ацев“ преминува во објект со висок степен на енергетска ефикасност.

Она што исто така е важно да се нагласи, е тоа дека со средства од општина Прилеп и Министерството за животна средина во Гимназијата се гради нова котлара на нафта и гас, прва од таков вид во државата. Дека се грижиме за учениците со физичка попреченост, говори и фактот дека во ова средно училиште за прв пат се градат лифт и санитарии за лица со телесен инвалидитет. Со тоа, значително ја подобруваме инклузијата на телесно инвалидизираните ученици во образовниот процес.

СДСМ ја исполнува зацртаната цел: учениците и наставниците да имаат квалитетни услови за одвивање на наставниот процес. СДСМ е симбол за најдоброто за граѓаните, затоа е фаворит и сигурен

победник на претстојните локални избори“, изјави Стефани Радовановиќ

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања