ОВР Радовиш поднесе кривична пријава против К.Е.(54), поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „посебни случаи на фалсификување исправа“ и „фалсификување или уништување на деловни книги“. Во текот на 2021 година во Радовиш, К.Е. на лице од Радовиш издал ПЦР тест дека е негативен на Ковид-19, притоа давајќи му во прилог на тестот и фактура со фискална сметка за извршена наплата од 5.500 денари и за тоа дека тестот претставува оргинален документ издаден од овластена клиника. Подоцна, од клиниката било потврдено дека документацијата е лажна.
Радовишанец издал фалсификуван ПЦР тест
Автор:
Скопје1.мк
објавено пред 4 години -
Македонија