Радуловиќ демантира вмешаност во аферата со пасоши: Само сакав да помогнам на пријател

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 часа -

Македонија
media-libraryt0ubr5v81dtkf9MJeCO

Името на поранешната ракометна репрезентативка, Валентина Радуловиќ, беше споменато во скандал со издавање на лични документи, а набрзо по објавата преку социјалните мрежи таа ги демантираше таквите информации.

— реклама —

Таа вели дека само сакала да помогне на пријател.

— реклама —

„Категорично ги отфрлам обвинувањата за наводно мое инволвирање за незаконски дејствија поврзани со наводно издавање лични документи. Моја лична порака до пријател вработен во мвр на издавање пасоши за ургенција за блиски лица на кои им беше итно потребен нов пасош со новото име некаде на почетокот на 2024 кога имаше застој во издавањето е злоупотребено за моја наводна инволвираност. Мојата пријателска ургенција кон пријател за пријател не ни можев да замислам дека ќе биде злоупотребена во овој контекст за вакво нешто за што читам дека сум инволвирана, и доколку навистина има таква постапка со мое инволвирање ќе ја докажам пред било која институција“, стои во реакцијата на Радуловиќ.

— реклама —

Четири лица, меѓу кои двајца активни полицајци, една наставничка и еден пожарникар, се најдоа под удар на истрагата на Министерството за внатрешни работи поради организирана криминална шема за незаконско посредување при издавање лични документи.

Според официјалните информации од МВР, осомничените во периодот од февруари до април 2024 година воспоставиле добро разработен систем за „преку ред“ издавање лични карти, пасоши и возачки дозволи, за што наплаќале фиксен паричен надомест. Одделот за внатрешна контрола при МВР поднел кривична пријава до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција.

Кривичната пријава е поднесена против полицаецот М.С., кој се товари за злоупотреба на службената положба и примање поткуп, како и против П.П., полицаец од Интервентната полиција, осомничен за примање поткуп и противзаконито влијание. Во истрагата се опфатени и В.Р., наставничка во средно училиште во Скопје, и А.С., пожарникар во Град Скопје, кои се гонат за примање награда за противзаконито влијание.

media-librarysq7t4jd0ahk40jyYdWx

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања