Промени тема
Контакт

Рафаел Надал повторно ќе игра тенис, се враќа по две години

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Спорт
Screenshot-2024-10-10-at-12.19.12

Рафаел Надал повторно ќе заигра тенис, речиси две години откако ја заврши професионалната кариера. Шпанскиот тениски ас во ноември ќе одигра неколку ревијални натпревари по повод десетгодишнината од основањето на неговата тениска академија.

Настапите ќе се одржат во академијата на Надал во неговиот роден град Манакор, на шпанскиот остров Мајорка. Од академијата најавија дека 40-годишниот Надал ќе игра против некои од најголемите имиња во тенисот, но имињата на неговите противници ќе бидат објавени во наредните денови.

— реклама —
— реклама —

Надал се повлече од професионалниот тенис во ноември 2024 година. Во богатата кариера освои 92 АТП турнири, од кои 22 се гренд слем-титули.

— реклама —

Неговата академија во Манакор располага со голем спортски комплекс со 23 терени со тврда подлога, 20 земјени терени, 12 терени за падел и два терена за сквош. Во кампусот има и фудбалски терен, два базени, центар за спортска медицина и меѓународно училиште за деца на возраст од 10 до 18 години.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarygbu8e1iabj3d8dgQmFg

Што го „убива“ модерниот тенис? Долги мечеви, густ календар и сè повеќе повреди

Спорт | пред 4 часа

— реклама —
media-libraryqhqa7nred8kq7i28rO8

Сабаленка продолжува да доминира на УС Опен: Стигна до четвртфиналето

Спорт | пред 1 седмица

453245652_18456652396030927_7716401201356146522_n

Навоне го елиминираше Ѓоковиќ, но не стигна до осминафинале на УС Опен

Спорт | пред 1 седмица

media-library5vkk4o9572aj27AOPkZ

Лола Радивојевиќ елиминирана по голема драма во квалификациите за УС Опен

Спорт | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања