Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски

Рајан ер со огромен раст на добивката: Помалите авиокомпании може да банкротираат

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
media-librarykji0cv4e3l5n2E8et3t
фото: unsplash

Ирската нискобуџетна авиокомпанија Рајан ер објави силен раст на добивката и предупреди дека дел од послабите европски авиопревозници би можеле да банкротираат поради кризата со горивото.

Компанијата соопшти дека добивката по оданочување пораснала за 40 проценти и достигнала речиси 2,3 милијарди евра во деловната година што завршила во март.

— реклама —

Во истиот период бројот на патници се зголемил за четири проценти и достигнал 208,4 милиони.

Главниот финансиски директор на Рајан ер, Нил Сорехан, изјави дека компанијата има подготвени планови и за најлоши сценарија поради растот на цените на авионското гориво.

— реклама —

Тој предупреди дека зимскиот период би можел да биде кобен за некои европски авиокомпании што и претходно имале финансиски проблеми.

— реклама —

„Мислам дека ќе видиме како дел од послабите превозници веројатно ќе пропаднат во текот на зимата“, изјави Сорехан.

Рајан ер наведе дека обезбедил 80 проценти од потребното гориво за летната сезона по фиксна цена, што, според компанијата, ѝ дава предност во услови на нестабилен пазар.

— реклама —

Извршниот директор Мајкл О’Лири претходно предупреди дека доколку цената на нафтата остане висока, може да дојде до „вистински пропасти“ на европските авиокомпании.

И покрај растот на добивката и бројот на патници, приходите на Рајан ер се намалиле за 11 проценти и изнесувале 15,54 милијарди евра.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

man-chases-plane-at-dublin-airport-after-missing-flight-136429820876502601-180927100034

Рајан Ер брутално ја исмеа Италија: „А каде точно патувате?“

Магазин | пред 1 седмица

— реклама —
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања