Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Рајан Ер брутално ја исмеа Италија: „А каде точно патувате?“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Магазин
man-chases-plane-at-dublin-airport-after-missing-flight-136429820876502601-180927100034

Нискобуџетната авиокомпанија Рајан Ер повторно привлече внимание со својата препознатлива доза на сарказам, овојпат на сметка на италијанската фудбалска репрезентација.

Сè започна откако Италијанската фудбалска федерација објави фотографија од репрезентативците како се качуваат во авион, придружена со краткиот опис: „На пат“.

Рајан Ер експресно реагираше на социјалната мрежа X со прашањето: „А каде точно патувате?“

— реклама —
— реклама —

Коментарот брзо стана вирален, бидејќи претставуваше директна алузија на фактот дека Италија третпат по ред не успеа да се пласира на Светското првенство. Последен пат „азурите“ настапија на Мундијалот во 2014 година.

Инаку, италијанската репрезентација, предводена од привремениот селектор Силвио Балдини, во средата го совлада Луксембург со 1:0 во пријателски натпревар. Сезоната ќе ја заврши во недела со уште една контролна средба, овојпат против Грција.

— реклама —

Рајан Ер и претходно беше позната по своите духовити и провокативни објави на социјалните мрежи, но овојпат шегата на сметка на четирикратниот светски шампион предизвика бројни реакции кај навивачите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library6c9alqtkejnd2iw4kRp

Новите правила на Ryanair би можеле да го променат патувањето на семејствата

Магазин | пред 1 месец

media-librarykji0cv4e3l5n2E8et3t

Рајан ер со огромен раст на добивката: Помалите авиокомпании може да банкротираат

Свет | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања