Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Раководители во ЈП „Национални Шуми“ го оштетиле буџетот на претпријатието за околу 1,5 милиони денари

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Македонија
media-libraryb0f5a0ljor1o44ogxb8

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

СВР Струмица, до Основното јавно обвинителство Струмица, поднесе кривична пријава против В.К.(41) од село Сушево, струмичко и Г.Ц.(52) од Струмица поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „несовесно работење во службата“ по член 353-в од Кривичниот законик.

— реклама —

Пријавениот В.К., во својство на раководител во Јавно претпријатие „Национални шуми“ Подружница шумско стопанство „Беласица“ Струмица, во 2024 година склучил два договори со правно лице од село Иловица, струмичко, без притоа на денот на склучувањето да обезбеди депонирање на соодветни банкарски гаранции од 20% од фирмата купувач, од кои првата во износ од 176.577 денари, а втората во износ од 370.850 денари.

— реклама —

Исто така, постапувајќи спротивно на наведените договори и Правилникот за продажба на главни шумски производи на ЈП „Национални шуми “ - Скопје, овозможил правното лице континуирано да подига дрвна маса без да се изврши авансна уплата, со што до датумот на негово разрешување овозможил да се формира долг по основ на испорачано огревно дрво од 982.387 денари.

— реклама —

Пријавениот Г.Ц., во својство на раководител на Подружница шумско стопанство „Беласица “ Струмица, по преземање на должноста раководител, не го земал во предвид фактот дека не била уплатена гаранција од 20%, како и дека не се вршела авансна уплата за подигнатото огревно дрво, не презел навремени мерки за наплата на долгот и прекин на испораката, туку дозволил подигнување на преостанатата дрвна маса предвидена во договорите и со тоа овозможил долгот да се зголеми за дополнителни 463.723 денари на штета на буџетот на ЈП „Национални шуми“.

— реклама —

Со ваквите дејствија била предизвикана вкупна штета на буџетот на ЈП „Национални шуми“ во висина од 1.446.110 денари.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryqldkkmn76jql5nL9MN3

Малолетничка била задржана против своја волја во автомобил до следното утро

Слајдер | пред 1 ден

— реклама —
media-librarybe7m9drimt2m1NzDS15

Ловеле во време на забрана, полицијата им пронашла пушки и месо од дивеч

Македонија | пред 1 ден

media-library22ehvslmdm22arH0l94

19-годишник ја вознемирувал девојката и се заканувал дека ќе ги објави нејзините интимни снимки

Македонија | пред 1 ден

media-libraryio9v3rupk110dzOqtNT

Четиригодишно девојче тешко повредено при пад од скали во семејна куќа во Средно Коњари

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања