Промени тема
Контакт

Раководството од СДС и ДУИ во МЕПСО му испатило аванс од 1,8 милиони евра на фирма која пет години немала приходи, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
mepso

„За набавка на уредот за корекција на напоснки профил, раководството на МЕПСО поставено од СДС и ДУИ, на албанската фирма за штанцање на фактури за наплата, Шанси инвест му исплатило аванс од 1,8 милиони евра. Тоа е 20 отсто од вредноста на тендерот“, велат од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат:

— реклама —

„Шанси инвест пет години, во периодот од 2019 до 2023 година, немала никакви финаски приходи. Првите приходи кои ги остварила и тоа во вредност од само 18.000 денари, биле во 2023 година, за потоа веќе во следната 2024 година да го добие милионскиот тендер од МЕПСО.

— реклама —

Значи, МЕПСО под раководство лица од СДС и ДУИ, на фирма која пет години немала никави приходи им доделуваат тендер од 10 милиони евра.

— реклама —

Освен што раководството од СДС и ДУИ во МЕПСО доделило јавна набавка на конзорциумот меѓу Шанси инвест и Далековод АД Загреб во вредност од неверојатни 10 милиони евра, тку и во договорот се договорило да исплати аванс од 20%, односно 1,8 милиони евра, на Шанси инвест, фирма која пет години немала ни денар приход.

— реклама —

Поврзаноста и намерата во добивањето милионскиот тендер од МЕПСО, се повеќе од потребни индиции за Јавното обвинителство да не чека и веднаш на отвори истрага и за истиот случај да следи одговорност“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarys0lb578io3ki5vgSpJt

ВМРО-ДПМНЕ најавува нов инвестициски циклус во Карпош: Градинка, спортски сали и мега-парк

Скопје | пред 2 дена

— реклама —
media-library7thikieu6j2a3vq7YAJ

ВМРО-ДПМНЕ повторно го повика Филипче: Ако има докази за 37 милиони евра кај хеликоптерите, нека ги достави во Обвинителството

Македонија | пред 2 дена

media-librarytl4s1o9tc5madjcapdP

Од внатрепартиска пресметка до Обвинителството: ВМРО-ДПМНЕ бара предмет за хеликоптерите на Петровска

Македонија | пред 3 дена

media-library4mr90ecno7407VIyD4u

„Филипче уценет и исплашен, му должи на Зоран Заев, му должи и на Румен Радев па западна во специфична психолошка состојба“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања