Промени тема
Контакт

Рама до Заев: Ќе ви се обратам на албански јазик, но овој пат Зоран се надевам дека не е тука истиот преведувач кој целосно ја упропасти пораката

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
29072021_PVRSM_ekonomskiforum-1

Премиерот на Албанија, Еди Рама на Економскиот форум за регионална соработка обраќајќи му се на премиерот Зоран Заев, рече дека се надева дека преведот на неговиот говор нема да биде како оној од нивната последна средба.

— реклама —

„Ќе ви се обратам на албански јазик, како што е договорено според принципите на форумот, но овој пат Зоран се надевам дека не е тука истиот преведувач. Тој тогаш целосно му ја упропасти пораката“,  рече Рама.

— реклама —

На последната средба меѓу двајцата премиери која се одржа на Економскиот форум во Скопје на 23 јуни, Рама беше нервозен и незадоволен од преведувачот, кој симултано ги преведуваше нивните изјави на македонски и на албански јазик. Откако неколку пати го предупреди дека тоа го прави лошо, Рама продолжи да зборува на англиски јазик. а на забелешката на преведувачот, тој само кусо му одговори- „живели“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања