Апелациониот суд Скопје пак му го продолжи куќниот притвор на осомничениот за корупција Драги Рашковски, поранешен генерален секретар на Владата, до 8 септември, објави СДК.мк
Освен тоа, Апелација вели дека уште еднаш ја назначиле забраната да комуницира на мобилен и преку средствата за електронски комуникации, и додава дека цело време таа забрана е жива и си постои, бидејќи Обвинителството за организиран криминал никогаш не побарало да биде укината и Рашковски да може да зборува од куќен притвор по мобилен додека е под истрага. Апелација му одреди забрана за комуникација на Рашковски, кога го пушти од Шутка во куќен притвор на 4 јуни.
Обвинителството за организиран криминал и корупција пред две недели го фати Рашковски како збори на мобилен, не со кого било, туку со друг осомничен, и веднаш побара притвор. Ја прекршил забраната за комуникација, влијаел врз доказната постапка. Тоа е процедурата, тоа е законот што важи за обичните граѓани кои се осомничени, обвинети.