Рашковски го побарал Наќе за сведок: Холивуд да го режира ова, нема да го направи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Screenshot-2022-01-25-at-10.06.28

Ексгереналниот секретар, Драги Рашковски смета дека не е виновен, а за Обвинителството вели дека со предметот прават филм како што Холивуд да неможе да го режира.

— реклама —

„Не може Обвинителството да кажува и импутира дека тоа се пораки, за кои што, и од самиот производител стои дека не може да утврди за каков тип на податок станува збор. Од тоа што јас можам да ви го кажам е дека ќе имаме едно навистина интересно судење кое што би требало, во македонското правосудство, особено во делот на компјутерската форензика, која што и те како слабо е применувана, а правосудството запознаено, да имплицира многу поквалитетен начин за прибирање на дигиталните докази. Бидејќи срамота е лица кои немаат познавања, лиценци, ниту се вештаци, да им се дава да буричкаат, чепкаат по приватни податоци на лица кои им се одземени телефоните“, кажа Рашковски.

— реклама —

Прашан кого ќе бара да сведочи во негова полза, за да докаже дека не е виновен, Рашковски рече дека го предложил поранешниот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев.

— реклама —

„Ние доставивме дополнителни докази, меѓу кои и дополнителни сведоци. Побаравме поранешен министер за МВР, Наќе Чулев и други лица. Не може да докажувате дека мои средства уплатени во 2015 година, да тврдите дека се од тендер во 2019 година. Холивуд да го режира ова, нема да го направи“, додаде тој.

Објасни и како се стекнал со имотот кој го има.

„Станува збор за купен плац, кредит земен за таа работа. Кредитот потекнува од моментот кога не сум бил функционер. Јас кога влегов како ген.сек. не влегов без средства. Децата имаат заштеда која е од нивните родендени, а се друго што поседуваат е мој имот, кој сум го имал и пред тоа. Се вулгаризира целата работа. Станот, имотот во Струмица сум ги имал и пред да станам функционер. Новиот имот кој што е купен во Побожје, е имот на кредит“, кажа Рашковски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања