Распуштањето на Судскиот совет не е решение, а законските интервенции за ова тело би биле лоша пракса за во иднина, вели Георгиев

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
georgiev-sudski-sovet

Ако се дозволат законски интервенции за Судскиот совет, но и за други тела кои претставуваат уставна категорија, тоа ќе биде лоша порака и лоша пракса за во иднина, вели претседателот на Судскиот совет, Сашко Георгиев, кој дојде на оваа позиција по контроверзното разрешување на дотогашната претседателка Весна Дамева.

— реклама —

Тој ова го кажа во интервјуто за ТВ Сител, коментирајќи ја најавата на министерот за правда Кренар Лога за можен престанок на мандатот на сегашниот состав на Судскиот совет со законски преодни одредби.

— реклама —

„Право и обврска е на министерот за правда да дава законски предлози и решенија до Собранието и ќе останам без коментар во врска со тоа. Но, морам да потенцирам дека доколку се дозволи со некакви законски интервенции за Судскиот совет како тело, и за други тела коишто претставуваат уставна категорија, тоа ќе биде една лоша порака и лоша пракса за во иднина“, изјави Георгиев.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања