Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Растат цените во Грција: Инфлацијата достигна 5 проценти

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Свет
media-library45vicbt77qoq0tf9ti2
фото: unsplash

Инфлацијата во Грција се искачи на 5 отсто во мај, во споредба со 4,6 проценти во април, покажуваат прелиминарните податоци што во вторникот ги објави европската статистичка служба Евростат.

— реклама —

Главен двигател на растот на цените се повисоките цени на енергенсите, кои дополнително се зголемија поради конфликтот на Блискиот Исток.

Во исто време, инфлацијата во еврозоната порасна на 3,2 проценти, од 3 отсто во април.

— реклама —

Со инфлација од 5 проценти, Грција се наоѓа меѓу земјите со највисок раст на цените во Европската Унија. Повисока инфлација во мај забележале само Бугарија со 6,3 проценти и Литванија со 5,1 процент.

— реклама —

На ниво на еврозоната, најголем придонес за инфлацијата има енергетскиот сектор, каде растот достигнал 10,9 проценти во мај, во споредба со 10,8 проценти во април.

Следуваат услугите со раст од 3,5 проценти, наспроти 3 проценти претходниот месец. Кај храната, алкохолот и тутунот е забележан раст од 2 проценти, додека кај индустриските производи што не се поврзани со енергијата инфлацијата достигнала 0,9 проценти.

— реклама —

Економистите предупредуваат дека продолжените тензии на Блискиот Исток и растот на цените на енергенсите би можеле дополнително да го зголемат инфлаторниот притисок во Европа во наредниот период.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryef1ajsv2rj70bBXb4LP

Во Грција запленети над 616 килограми месо, дел со рок истечен пред 17 месеци

Балкан | пред 20 часа

— реклама —
uciliste

26 лица, меѓу кои 13 деца, се хоспитализирани по истекување гас во училиште во близина на Атина

Балкан | пред 1 ден

trajekt-620x350

Закана за бомба запре траект во Грција: Евакуирани 875 патници

Спорт | пред 3 дена

tunis-migranti-camac-830x0

Најмалку 12 мигранти загинале во бродска несреќа јужно од Крит

Балкан | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања