Промени тема
Контакт

Растот на БДП од 13% нема да го надомести падот од минатата година од 15%, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
vmro-1

Според последните податоци за БДП за второ тримесечје 2021 година, ако имаме среќа до крајот на годината бруто - домашниот производ ќе се врати на нивото од 2019 година. За жал, растот кој денеска беше гордо објавен, дури и пред календарски утврдениот термин на Статистика, не го надоместува падот од минатата година од 15%, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

„Исто така, покрај тоа што растот во второто тримесечје не го надоместува падот од 15% од минатата година, треба да се има предвид и дека во првото тримесечје падот на БДП изнесува -1,9%.

Истовремено, високофрекфентните податоци на Државниот завод за статистика покажуваат дека индустријата има проблем со опоравување, имено заклучно јули растот на индустријата е околу 5% споредбено со вртоглавиот пад од лани од околу 14%. Истовремено, индустријата продолжува да отпушта работници, според последните објави на Државната статистика.

— реклама —

Згодно за власта, Државниот завод за статистика побрза неколку дена предвреме да ја објави и стапката на активно население, по што проследија неколку објави и прес-конференции од власта, а денешната предвремена објава од „успехот“ за БДП се совпадна со конференцијата на Бесими“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања