Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Разбиена криминална мрежа во Грција за кражба на струја, штетата надминува девет милиони евра

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Балкан
media-libraryc2181cn5tifo2MkVzla
unsplash

Грчката полиција разби криминална организација која со специјализирани манипулации на електрични броила вршела кражба на електрична енергија во повеќе делови на земјата, при што е причинета штета поголема од девет милиони евра.

— реклама —

Според информациите од грчката полиција, досега се уапсени три клучни членови на организацијата, додека уште 105 лица се осомничени дека учествувале во незаконското користење електрична енергија.

— реклама —

Акцијата, која од раните утрински часови се спроведува во Солун во соработка со Операторот на дистрибутивната мрежа за електрична енергија (ДЕДДИЕ), е насочена кон разбивање на мрежа чии членови вршеле манипулации на електрични броила во деловни објекти и домови.

Како што соопшти полицијата, незаконските активности биле регистрирани во регионите Атика, Македонија, Тракија, Тесалија и Пелопонез.

— реклама —

„Досега се уапсени тројца клучни членови на организацијата, додека вкупно 105 лица се осомничени како извршители на кражби на струја. Штетата нанесена на ДЕДДИЕ надминува девет милиони евра“, информираа од грчката полиција.

— реклама —

Истрагата за случајот продолжува, а надлежните не ја исклучуваат можноста бројот на инволвирани лица дополнително да се зголеми.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryef1ajsv2rj70bBXb4LP

Во Грција запленети над 616 килограми месо, дел со рок истечен пред 17 месеци

Балкан | пред 8 часа

— реклама —
uciliste

26 лица, меѓу кои 13 деца, се хоспитализирани по истекување гас во училиште во близина на Атина

Балкан | пред 1 ден

trajekt-620x350

Закана за бомба запре траект во Грција: Евакуирани 875 патници

Спорт | пред 3 дена

tunis-migranti-camac-830x0

Најмалку 12 мигранти загинале во бродска несреќа јужно од Крит

Балкан | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања