Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Разбиена мрежа за криумчарење луксузни автомобили: три лица под истрага, двајца вработени во МВР осомничени за фалсификати

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Македонија
granica-srbija

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против три лица осомничени за криумчарење и фалсификување исправи, кои, според обвинителството, биле дел од поширока криминална мрежа за внес на луксузни автомобили од странство со лажни документи и преправени податоци.

Од Обвинителството велат дека дел од учесниците во оваа шема веќе биле обвинети и осудени, а дел од предметите се преземени од Обвинителството во Бугарија, бидејќи се работи за нивни државјани.

— реклама —

Според истрагата, првиот осомничен во март 2022 година, преку граничниот премин Деве Баир, организирал криумчарење на автомобил „Тојота ЦХР“, вреден 22.500 евра, кој бил предмет на меѓународна потрага. За возилото користел лажни таблички и документи, изготвени од лице кое веќе е осудено во поврзан случај.

— реклама —

Втората осомничена во август 2021 година поттикнала двајца бугарски државјани да пренесат „Лексус НХ300Х“ вреден 15.000 евра, исто така под меѓународна потрага. Таа го презела возилото со фиктивен договор за купопродажба, а потоа го регистрирала со фалсификувани бугарски таблички и документи.

— реклама —

Третиот осомничен, управител на фирма, избегнувајќи ја царинската контрола, од Бугарија во Македонија внел „Ланд Ровер – Рејнџ Ровер Евок“ вреден 17.340 евра. Возилото било со преправен број на шасија, а за него биле издадени целосно лажни документи со кои била добиена сообраќајна дозвола.

Покрај тоа, обвинителството поведе постапка и против две службени лица од МВР, осомничени дека помагале во фалсификувањето и издавањето на сообраќајните дозволи за возилата што биле нелегално внесени во земјава.

Јавниот обвинител предложил мерка притвор за тројцата главни осомничени, а за едниот кој во моментов е надвор од државата, притворот ќе се активира веднаш по неговото пронаоѓање и лишување од слобода.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryrrt0tv5svj655mVuorG

Освен филерите, имало и препарати за славеење: постапка против три лица за криумчарење – меѓу нив и сопственичка на салон

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-library9ir48mipd1e645jzUSp

Фатен педофил вработен во училиште во Гостивар: намамил, ја уценувал и објавил експлицитни материјали од 14-годишно девојче

Македонија | пред 2 седмици

krazba

Со тесла упаднал во маркет, украл 52.900 денари, па се обидел повторно: уапсен косовски државјанин

Македонија | пред 3 седмици

media-library74m17ss756e5aP4YzoF

Татко и двајца синови осомничени за брутален напад на гробишта во Бутел

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања