Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Разговорите за новата Влада и владината програма се во финална фаза, вели Лукаревска

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
02012021_UJP_Lukarevska_pres-konferencija

Разговорите и консултациите околу новата влада и новата владина програма, се во финална фаза. Во понеделник очекуваме да има седница на Централниот одбор на СДСМ на која претседателот и мандатар Димитар Ковачевски ќе ги презентира, по што ќе продолжи соодветната процедура во Собранието, изјави заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска во интервју за телевизија Канал 5.

— реклама —

„Во моментов претседателот и генералниот секретар имаат интензивни разговори со коалиционите партнери кои одат во позитивна насока. Сепак станува збор за одредени стратешки цели кои треба да се реализираат во рамките на новиот владин кабинет. Фокусот ќе биде економијата, подобрување на животниот стандард на граѓаните, ефикасност на институциите, како и европскиот пат на земјата“ посочи Лукаревска.

— реклама —
— реклама —

Осврнувајќи се на персоналните решенија заменик претседателката Лукаревска истакна станува збор за проверени кадри кои ќе се вложат во својата работа и ќе испорачаат резултати за граѓаните и државата.

— реклама —

„Единствено што можам да потврдам и да кажам за јавноста е тоа дека сите кадри кои ќе бидат вклучени во новиот владин кабинет ќе бидат исправени пред големи предизвици меѓутоа станува збор за проверени кадри, искусни луѓе кои што ќе си ја знаат својата работа и кои ќе носат резултати, ќе реализираат повеќе проекти и ќе се водат според новата владината програма, во интерес на граѓаите.“ порача Лукаревска.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања