Разорен земјотрес на Балканот во следната година, вака ќе знаеме дека сме во крајна фаза, вели експерт за српски медиум

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
Zemjotres

Серија силни земјотреси ја погодија територијата на Србија во изминатите неколку дена. Ним им се придружија земјотресите од регионот. Само во последните пет дена имаше земјотреси со јачина од над 3,5 степени според Рихтеровата скала кои ги погодија Романија (4,2), Крушевац (3,9), Задар (2,4), а како врв на се, вчера во текот на денот имаше два земјотреси во Врање (3,7 и 3,9 степени според Рихтер).

— реклама —

Зголемената сеизмолошка активност започна на почетокот на годинава кога беа потресени Младеновац, Долни Милановац и Лазарец, а посилни земјотреси во текот на годината ги погодија Босна и Херцеговина, Хрватска и Црна Гора, кои имаа сериозни проблеми поради земјотресите во април годинава.

За српски Телеграф зборуваше познатиот сеизмолог Славица Радовановиќ, која објасни дека зголемената сеизмичка активност треба да се сфати како предупредување.

— реклама —

„На сите, вклучително и на сеизмолозите им е очигледно дека сеизмичката активност се зголемува во нашиот регион. По неколку години, кои поминаа без поголеми земјотреси, на територијата на Србија почнаа да се случуваат земјотреси посилни од 3 степени. Од Врање, Крушевац, Параќин, кога ќе помислите на Младеновац и другите земјотреси што се случија претходната година, станува јасно дека доаѓа посилен земјотрес“.

- Според една теорија, која ја поткрепува разорниот земјотрес од Црна Гора во 1979 година, повеќе области со зголемена активност и земјотреси кои се движат над 3 степени ќе доведат до посилни земјотреси, кои кај нас не можат да бидат толку страшни како оние во светот. но тие се секако ќе бидат разорни. Тој земјотрес ќе се случи на точката која беше единствената што не се затресе. Треба да истражиме каде ќе се случи тоа. Не можеме да знаеме кога, но можевме да провериме каде и да ја подготвиме областа. Од моето искуство, тоа ќе се случи или во Србија или во пограничните области на соседните земји кои ни граничат, изјави Славица за Телеграф.рс и посочи дека „искуството нè наведува на заклучок дека тоа ќе се случи следната година“.

„Кога на 15 април 1979 година, земјотрес со јачина од 7 степени по Рутерова скала ја погоди Црна Гора и однесе повеќе од 100 животи, една година претходно земјата почна вака да се тресе. Ова нè наведува да претпоставиме дека следниот разорен земјотрес ќе се случи во текот на следната година. Ќе знаеме дека сме влегле во завршна фаза кога ќе се случи земјотрес со јачина од 4 или дури 4,5 степени според Рихтеровата скала“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryoup7bj077b9s2G7sSPd

Земјотрес од 4,7 степени го погоди Закинтос

Свет | пред 2 дена

media-libraryoup7bj077b9s2G7sSPd

Силен земјотрес во Кина

Свет | пред 4 дена

media-libraryoup7bj077b9s2G7sSPd

Земјотрес од 5,1 степен ја погоди областа јужно од Панама

Свет | пред 1 седмица

media-libraryoup7bj077b9s2G7sSPd

Земјотрес со јачина над 6 степени регистриран во Папуа Нова Гвинеја

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања