Поради нарушени односи и несоодветно однесување министерот за здравство Венко Филипче го разреши економскиот директор на гинекологија и акушерство Валон Беља. Ова следи откако Беља ја обвини сегашната директорка на гинекологија Викторија Јовановска за криминал со набавка на скапи лабараториски тестови. Јовановска по обвинувањата возврати со кривична пријава за клевета и навреда, а според неа причината за ваквото обвинување од Беља е поради тоа што не сакала да потпише договори за вработувања на неговите двајца советници.
Беља, кој е кадар на ДУИ, беше назначен за економски директор на Гинекологија во октомври минатата година. Во декември, тој беше застрелан во нога и опериран во болницата „Св. Наум Охридски“, за што беа уапсени три лица.