Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Разрешен судијата Бошевски од предметот „Траекторија“ поради нестручно и несовесно работење

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
sudstvo-2

Судскиот совет на денешната 377 седница го разреши судијата Горан Бошевски од Кривичниот суд Скопје, поради нестручно и несовесно извршување на својата функција, пишува Фактор.

— реклама —

Бошевски беше судијата кој го водеше случајот на Специјалното јавно обвинителство „Траекторија“, во кој беше обвинет поранешниот премиер, Никола Груевски.

— реклама —
— реклама —

Со ова, судењето за случајот „Траекторија“, како и случајот „Талир“, кој беше отпочнат уште во времето на Специјалното јавно обвинителство, ќе започне одново, бидејќи во него Бошевски беше втор судија, покрај Осман Шабани.

— реклама —

Покрај разрешувањето на судијата, беа избрани и четири претседатели на основните судови во Гостивар, Дебар, Гевгелија и Свети Николе.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања