„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

Разрешената Ана Петровска ќе биде кандидат за градоначалник на Скопје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
petrovska-zivotna-sredina

Активистичката коалиција „Зелен хуман град“ ќе застане зад штотуку разрешената  директорка на Државниот инспекторат за животна средина, Ана Петровска, која ќе влезе во трката за градоначалник на Град Скопје како независна.

— реклама —

Таа во круговите на еко-активистите важеше за професионалец кој си ја знае работата, но беше разрешена од Владата и од функцијата во матичната партија ДОМ поради разидување со лидерката Маја Морачанин.

Петровска има висок рејтинг во јавноста, која беше згрозена што заради внатрешнопартиски политики се разрешуваат кадри кои си ја работат добро работата, и тоа во чувствителна област – животната средина.

— реклама —

„Зелен хуман град“ го започна процесот за собирање потписи за независна листа кој ќе се одвива во сите подрачни одделенија на ДИК на територија на Град Скопје, но и кај нотари во Општините Центар, Карпош и Аеродром.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања