Разузнувач од АРМ контролирал сајтови за лажни вести, Русија не стои зад тоа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
lazni-vesti

Ловецот на лажни вести кој ја откри кумановската мрежа, Мартен Схенк, во интервју со дописничката на МИА во Брисел, раскажува како успеал да ги пронајде членовите. Тој вели дека не станува збор за организиран бизнис од страна на Русија, туку дека Русите опортунистички ги користат лажните вест кои се појавуваат.

— реклама —

„Она што Русите го прават е кампања на амплификација. Користат лажни твитер налози или лажни ФБ профили. Се случувало да користат скриншотови од вакви сајтови или наслови. Но, не мислам дека работат за Русите, пред сѐ сакаат пари да заработат, а Русите ќе видат дека некоја статија е вирална и ќе помогнат да ја шират. Опортунистички. Не е дека Русите ги создаваат сториите или дека ги насочуваат во одреден правец, туку гледаат да посеат поделба. Поттикнуваат две спротивставени страни и потоа ќе организираат протести, и слично. Русите објавуваат и статии во полза на Хилари Клинтон. Луѓето мислат дека Русите му помагаа само на Трамп, но тоа не е точно, тие само сакаа поделба да создадат“, вели Схенк.

Вработени во АРМ и полициски инспектор се дел од кумановската група која последниве години лесно заработуваат од отворање на нови сајтови и пласирање на лажни вести. Тимот на белгискиот истражувач Мартен Шенк покажа дека во случајот со Куманово не се работи за вештите тинејџери од Велес кои брзо дошле до лесна заработувачка пред претседателските избори во САД. Овој случај отвора и други безбедносни прашања во македонската армија и полиција.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања