„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Реакција на ДИК за изјавите на политичките партии и владини функционери во врска со изборите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
Screenshot-2024-04-24-at-09.40.38

На Претседателот на ДИК, Проф.Др. Александар Даштевски и на членовите на ДИК, Радица Ристеска, Оливер Ристовски, Борис Кондарко, Бобан Стојаноски и Абдуш Демири

— реклама —

Со особена загриженост за настаните кои во јавноста се продуцирани од изјави на политички партии и носители на високи владини функции, кои се однесуваат на работата на ДИК во врска со постапувањето по приговорите за парламентарните избори, Ве известуваме дека покрај тоа што сме лично понижувани и навредувани, исто така како членови во највисоката институција за организирање и спроведување на изборите, сме изложени и на неосновани и непримерени јавни политички притисоци и на закани за кривична одговорност поради донесените одлуки на ДИК.

Покрај тоа, а следејќи го контекстот и интензитетот на нападите, прозивките и навредите, исто така сме загрижени и дека е можно истите да преминат и во лични напади на нашата сигурност.

— реклама —

Ве известуваме дека ДИК во целост професионално, транспаретно и само врз основа на закон ги спроведе изборите што е потврдено од сите домашни и меѓународни фактори.

Исто така и покрај сите непријатности кои ги имаме, сепак со највисок степен на интегритет врз основа на јавна проверка на изборниот материјал ДИК ги утврди фактите и одлучуваше по приговори поднесени од различни учесници за 110 избирачки места, од кои врз основа на образложени докази усвои приговори за само 7 избирачки места за кои имаше правен основ, додека сите останати 103 избирачки места, беа одбиени како неосновани и за нив немаше поднесено тужби ниту еден учесник на изборите.

Според тоа за ДИК се неприфатливи и недопуштени нападите, притисоците и мешањето на одредени политички партии и на поединци од техничката Влада во изборните процедури, како и во работата и одлучувањето на ДИК и на Управниот суд.

За сето ова денес на средбата во ДИК беше известена и амбасадорката на набљудувачката мисија на ОБСЕ-ОДИХР Џилијан Стрик.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarysk52tkolq6tp4oF0jIq

Следете ги официјалните изборни резултати - ВО ЖИВО

Македонија | пред 1 месец

media-library4etfp2h0gbtmaAVvCL9

(Видео) Излезноста на вториот круг од локалните избори 45,71% – во Скопје гласале 33,82% од запишаните избирачи

Настани | пред 1 месец

media-librarykfk3bu572lbc3CtKnfS

Излезност до 17 часот: Гласале 39,28% од избирачите, најмала излезност има во Куманово и Шутка

Македонија | пред 1 месец

Screenshot-2025-08-17-at-21.00.48

Осумина домашни набљудувачи останаа без акредитации, ДИК им ги одзеде и ги соопшти нивните имиња

Скопје | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања