Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Реакција по изјавата на бугарската министерка: МНР го повика амбасадорот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
media-library6bh2tcsmisrt7dhBYfR

Бугарскиот амбасадор Жељазко Радуков денеска бил повикан во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, каде му бил упатен устен демарш поради употребата на терминот „северномакедонски“ од страна на шефицата на бугарската дипломатија, Велислава Петрова-Чамова.

— реклама —

„На средбата му е упатен устен демарш во врска со несоодветното адресирање од страна на министерката за надворешни работи на Република Бугарија, Весислава Петрова Чамова, која во својата вчерашна изјава за време на Советот на министри за надворешни работи на Европската Унија употреби несоодветна и неправилна придавка изведена од името на нашата држава, користејќи го изразот ‘северномакедонски партнери’“, наведуваат од МНР.

— реклама —
— реклама —

Реакцијата на Министерството се однесува на изјавата што вчера од Брисел ја даде новата министерка за надворешни работи на Бугарија, Весислава Петрова-Чамова. Таа рече дека во Брисел имала средба со министерот Тимчо Муцунски и дека својот северномакедонски партнер го информирала за непроменетиот став на Бугарија – дека Северна Македонија треба да ја почитува преговарачката рамка со ЕУ од 2022 година.

— реклама —

На ова реагираше Муцунски велејќи дека имал едноминутен разговор, а не средба со Петрова-Чамова во Брисел, при што употребата на терминот „северномакедонски“ ја оцени за несоодветна и неточна.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

krediti-za-skoluvanje-denari-1

Инфлацијата во октомври изнесува 3,3 проценти, месечниот раст на цените е 0,4 отсто

Македонија | пред 4 дена

— реклама —
1-5

Петти состанок годинава, повторно без резултати: Бугарија и Македонија без договор за заедничко одбележување на годишнината од смртта на Даме Груев

Македонија | пред 6 дена

media-libraryv1qb1uf6ma7pbOZBvBc

Нов судир на ставови меѓу Скопје и Софија: Бугарија не прифаќа посредник и бара уставни измени, а Македонија гаранции од ЕУ

Македонија | пред 6 дена

EU-1

Македонија и уште пет земји од Западен Балкан се приближуваат до укинување на роамингот со ЕУ

Македонија | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања