„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Ребалансот на буџетот и акцискиот план за зелен град пред советниците на Град Скопје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Скопје
29-ta-sednica-na-sovet-4

Измена и дополнување на буџетот на Град Скопје за 2020 година, како и Акциски план за Зелен град се дел од точките за кои ќе се расправа на 57-та седница на Советот на Град Скопје, која ќе се одржи денеска преку конференциска врска.

— реклама —

Со предлогот за изменување и дополнување на Буџетот на Град Скопје за 2020 година вкупниот буџет се зголемува за 81 милиони денари, што претставува зголемување од 1% во однос на првичниот буџет. Зголемување се предлага и во буџетот на кредити, (245 милиони денари) за изградба и реконструкција на повеќе улици и булевари низ Градот Скопје. Зголемувањето се врши и во буџетот на дотации (4 милиони денари), заради буџетирање на дел од непотрошениот вишок на приходи од минатата година во културата. Основниот буџет е намален за 167 милиони денари, при што се предлагаат повеќе измени по програми и проекти согласно со проценетата динамика на реализација на започнатите проекти и роковите на извршување на склучените договори.

Заедно со ребалансот на буџетот на Град Скопје за 2020 година, Советот ќе расправа и за Предлогот за изменување и дополнување на Планот на програми за развој за периодот ‎2020-2022 година, со кој се предвидени измени во предвидените финансиски средства за подолготрајните проекти чија реализација се одвива низ повеќе фази во текот на две или на повеќе години.

— реклама —

Советот на Град Скопје денеска ќе расправа и за Акцискиот план за Зелен град, кој се изработува во соработка со ЕБОР од март 2019 година, како дел од учеството на Градот во програмата на ЕБОР за зелени градови. Скопје е првиот град во Северна Македонија кој се приклучи во зелените градови на ЕБОР и го започна развојот на Акцискиот план за зелен град (GCAP). Акциониот план ќе му помогне на Скопје да ги утврди, да им даде приоритет и да одговори на неговите најитни предизвици во поглед на животната средина. Истиот има за цел да се справи со најакутните предизвици од климатските промени и животната средина како што се: управувањето со цврст отпад, водата и отпадните води, градските патишта и осветлувањето, градскиот превоз, намалување на локалното загадување, подобрување на енергетската ефикасност и искористеноста на ресурсите, како и промовирање на приспособувањето на климатските промени.

Покрај за овие, Советот на Град Скопје денеска ќе расправа и за Одлуката за ослободување од плаќање на надоместок за уредување на градежно земјиште за изградба на објект со намена B2 здравство и социјална заштита (Дневен центар за лица со интелектуална и телесна попреченост); Одлуката за воспоставување меѓуопштинска соработка помеѓу Град Скопје и Општина Гази Баба за изработка на проектна документација за реконструкција на ул. „Перо Наков” од раскрсница со ул. „Маџари” до ул. „Индустриска 2”; Одлуката за воспоставување меѓуопштинска соработка помеѓу Град Скопје и Општина Сарај за финансиско учество за реконструкција на улица во Кондово во Општина Сарај; Одлуката за воспоставување меѓуопштинска соработка помеѓу Град Скопје и Општина Сарај за финансиско учество за реконструкција на улица 2 во Крушопек во Општина Сарај;

Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за воспоставување меѓуопштинска соработка помеѓу Град Скопје и Општина Сарај за финансиско учество за реконструкција на локален пат за с. Бојане -Општина Сарај; Одлуката за измена на Одлуката за уредување на односите за реализација на сообраќајница помеѓу Град Скопје и Империјал Тобако ТКС а.д. Скопје; Одлуката за начинот и условите за продажба на стечајно побарување на Град Скопје кон „СИС ИНВЕСТ ГРУП” ДОО-Скопје; Одлуката за набавка на недвижен имот - објект со намена деловен објект во Централното градско подрачје-Мал Ринг за потребите на Град Скопје; Одлуката за одобрување набавка на основни средства во 2020 година-канцелариски мебел и опрема за греење и климатизација; Одлуката за примање на донација на Техничка документација за детално планирање и спецификација за поставување реквизити за развој на детска моторика на планината Водно; Одлуката за дополнување на Одлуката за одобрување на финансиски средства за вработување на определено време за 2020 година ; Одлуката за давање согласност за преземање вработен; Одлуката за давање согласност на Изменување и дополнување на Инвестиционата програма на ЈП „Паркови и зеленило“, Скопје, за 2020 година; како и Одлуката за давање согласност на Програмата за одржување на магистрални и собирни улици на подрачјето на Град Скопје во зимски услови за 2020/2021 година (Зимска служба).

На дневен ред се и одлуките за давање на согласност на Годишните планови за вработување, за 2021 година на јавните установи, за Извештаите за работењето на јавните претпријатија чиј основач е Градот Скопје, за период од 01.01.2020 - 09. 2020 година, како и за Годишниот извештај на Секторот за внатрешни работи – Скопје, за 2019 година.

Советот денеска ќе разгледува и расправа и за повеќе програми за работа, како што се Програмата за изменување и дополнување на Програмата за уредување на градежно земјиште на подрачјето на град Скопје за 2020 година; Програмата за изменување и допонување на Програмата за финансирање на јавните установи и активностите од областа на културата од интерес на Град Скопје за 2020 година;

Програмата за изменување и дополнување на Програмата за активностите во областа на спортот и младите во град Скопје, за 2020 година; Програмата за изменување и дополнување на Програмата на активности од областа на заштитата на животната средина и природата на подрачјето на град Скопје за 2020 година;

Програмата за изменување и дополнување на Програмата за финансирање на проекти за развој на занаечиството, угостителството и трговијата на град Скопје за 2020 година; Програмата за изменување и дополнување на Програмата за поддршка на локалниот економски развој на Град Скопје за 2020 година;

Програмата за изменување и дополнување на Програмата за општа туристичка пропаганда и за подобрување на условите за престој на туристите во град Скопје за 2020 година; како и Планот за изменување и дополнување на Планот за Енергетска ефикасност на град Скопје за 2020 година.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања