Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Речиси целата потрошувачка на струја во мај покриена од домашното производство

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
struja-585x447-1

Во мај 2026 година, вкупното бруто-производство на електрична енергија во земјава изнесувало 462.653 мегават-часови, што претставува 96,5 отсто од вкупната бруто-домашна потрошувачка на електрична енергија, покажуваат претходните податоци за енергетиката.

— реклама —

Вкупната потрошувачка на енергенти во овој период изнесувала 479.603 мегават-часови електрична енергија, 4,463 милиони нормални кубни метри природен гас, 264.997 тони јаглен и 78.468 тони нафтени продукти.

— реклама —

Според податоците, речиси целата потрошувачка на јаглен, односно 99,9 отсто, била искористена за производство на електрична енергија.

— реклама —

Во споредба со мај 2025 година, потрошувачката на природен гас е зголемена за 4,8 отсто. Од Државниот завод за статистика наведуваат дека растот се должи на работата на топлинските постројки, кои во истиот период минатата година не биле активни.

— реклама —

Од друга страна, потрошувачката на нафтени продукти во мај 2026 година е намалена за 8,5 отсто во однос на истиот месец претходната година.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

close-up-burning-lamp-dark-copy-space

Дел од Аеродром и Чаир денеска без струја

Скопје | пред 19 часа

— реклама —
media-librarym8al04sju6sk8TmlACl

Ќе се анализираат цените на струјата и блок-тарифите: Македонија подготвува енергетски реформи

Македонија | пред 1 ден

struja-osiguraci

Денеска без струја повеќе улици во Скопје и околината – погледнете дали сте на списокот

Скопје | пред 1 ден

evn-rabotnici

Делови од Илинден, Чаир, Карпош и Гази Баба денес без струја

Скопје | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања