Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Редици пред експозитурите на Алта банка во Нови Сад, граѓаните загрижени по одземањето на дозволата за работа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 50 минути -

Свет
media-libraryuqusdv2q12jk3gDTV20

По објавата на Народната банка на Србија (НБС) дека Извршниот одбор донел одлука за одземање на дозволата за работа на Алта банка АД Белград и покренување стечајна постапка, пред експозитурите на оваа банка во Нови Сад уште од раните утрински часови се формирале редици од загрижени граѓани, пишува „Нова.рс“.

Повеќе десетици граѓани биле снимени утрово пред експозитура на Алта банка во Нови Сад. Клиентите чекале во ред по соопштението објавено во саботата наутро дека Алта банка останува без дозвола за работа.

— реклама —

Заедно со оваа информација се појавиле и неофицијални и непотврдени информации од поединечни вработени, кои стравуваат дека од понеделник ќе останат без работа.

— реклама —

Да потсетиме, според официјалното соопштение на Народната банка на Србија, одлуката за одземање на дозволата е донесена со цел заштита на имотот на депонентите, откако со контролата било утврдено критично влошување на ликвидноста на банката.

Работите на стечаен управник ги презема Агенцијата за осигурување на депозити (АОД), која според законот е должна да обезбеди исплата на осигурените депозити.

— реклама —

Од Народната банка на Србија апелираат граѓаните да ги следат официјалните соопштенија на регулаторот и на Агенцијата за осигурување на депозити, преку кои ќе бидат објавени точниот распоред и локациите на кои ќе започне исплатата на гарантираните средства.

Според податоците на Народната банка на Србија, Алта банка е во блокада од 30 октомври 2026 година.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarybhm97564915p28Qti44

По случувањата во Србија, се огласи и Алта банка Битола: Средствата на клиентите се сигурни

Македонија | пред 1 час

— реклама —
media-librarylh9n83eane2o4ZccMgW

Алта банка а.д. Белград: Експозитурите не работат, од понеделник почнува исплатата на осигурените депозити

Свет | пред 1 час

media-libraryr2c8a7jf1m912lRnXOE

СДСМ бара итна реакција на Народна банка: Гувернерот да преземе активности, депозитите на многу јавни претпријатија се во Алта банкa

Македонија | пред 1 час

media-librarylpfbpa13i34b52NkC3X

АЛТА банка а.д. Белград остана без дозвола за работа: Народната банка на Србија утврди сериозно влошување на финансиската состојба

Свет | пред 2 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања